Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово обвинето за насилство над малцинствата

Косово обвинето за насилство над малцинствата

Откако беше објавен извештајот на Стејт департментот за човековите права, во кој се споменува и  Косово, се огласи и американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

„Косово продолжува да стагнира заради корупцијата, нападите врз новинари, депортацијата на странски државјани спротивно на прописите и насилство над малцинствата“, пишува меѓудругото амбасадорот Коснет на својот профил на Твитер.

Во извештајот се спомнуваат и многу проблеми во спроведувањето на правото.

Извештајот укажува на постоење на корупција во владините структури, закани и насилство врз новинарите и припадниците на малцинствата во спроведувањето на законите, како и на враќање на лицата што го задоволуваат стандардот на бегалци во земјите на потекло.

Слично

Поврзани вести