Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово објави колку бегалци ќе прими од Авганистан

Косово објави колку бегалци ќе прими од Авганистан

Косовските власти соопштија колку бегалци ќе примат oд Авганистан. 

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља изјави за Радио слободна Европа дека се очекува на Косово да пристигнат околу 2.000 Авганистанци.

„Разговараме со нашите партнери за да ги видиме потребите за домување на Авганистанците, а потоа да ги пресметаме потенцијалите или можностите Косово да ги прими. Бројот за кој зборуваме, и секогаш зборуваме за привремено сместување, е околу 2.000“, рече Свечља. 

Албанија ќе ги прими повеќе Авганистанци од претходно најавеното. 

Ако се споменуваа 2.000 до 3.000, сега се зборува за околу 4.000 бегалци. Македонија ќе прими 780 луѓе од Авганистан. 

Слично

Поврзани вести