Красниќи: Косово нема стратегија за економски развој
Косовската влада нема стратегија за развој на економијата и развојните политики обвини претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи. Спред него владата на премиерот Хашим Тачи, на Косово му недостига единствена стратегија за економски развој и фискална политика, кои би биле во служба на инвеститорите.
Тој го коментира и последниот извештај наАгенцијата против корупција, според која голем број од функционерите се во конфликт на интереси, работејќи истовремено на неколку работни места.
„Какви Супермени се тие кои имаат по пет работни места истовремено. Тие секојдневно го кршат законот и никој не им го расипува чадот на тутунот! Во Косово не само што не се создаваат олеснувања за инвеститорите кои сакаат да инвестираат во земјава, туку се воведени 1001 пречка. На овие инвеститори им се бараат пари, посакуваат да им влезат во делот на нивните инвестиции“, изјавил Красниќи.
