Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово нема да создаде суд за поранешните команданти од војната во 1999 година

Косово нема да создаде суд за поранешните команданти од војната во 1999 година

Косовскиот парламент нема да создаде трибунал за поранешните команданти на паравоени формации, осомничени за воени злосторства за време на војната од 1998 и 1999 година, пренесуваат локалните агенции.

Парламентот во Приштина одлучил да не создава суд пред кој можат да се соочат осомничените за шверц со човечки органи за време на војната.

САД и ЕУ предупредуваат дека прашањето ќе биде ставено пред Советот за безбедност на ОН. „Нема што да криеме“, изјавил министерот за надворешни работи на Косово и поранешен командант на паравоените одреди Хашим Тачи за време на дебатите.

„Разочарани сме многу од ова решение, но ќе треба да го почитуваме“, изјавил Самуел Жбогар, претставникот на ЕУ во поранешната српска покраина.

Слично

Поврзани вести