Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОСОВО НЕМА ДА ГИ ЕКСТРАДИРА СВОИТЕ ГРАЃАНИ, БЛЕРИМ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ“: Неговиот адвокат порача од Приштина

„КОСОВО НЕМА ДА ГИ ЕКСТРАДИРА СВОИТЕ ГРАЃАНИ, БЛЕРИМ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ“: Неговиот адвокат порача од Приштина

Блерим Рамадани, кого го бараат и македонските и српските власти е на Косово, но Косово нема да ги екстрадира своите граѓани, порача неговиот адвокат Кочи од Приштина во изјава за косовската КТВ, пренесува ТВ 24.

Дури и судењето да се одржи на Косово, како што вели тој, Блерим ќе биде прогласен за невин.

-Косово може да ги побара од Македонија сите документи, да го анализира случајот, но и да се одрѓи судењето на Косово, Блерим ќе биде прогласен за невин, вели неговиот адвокат Кочи.

Ек-припадникот на ОВК, кој во јули беше упасен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, завчера избега од куќен притвор и сега е во Косово. 


Слично

Поврзани вести