Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово нема да формира Заедница на српски општини?

Косово нема да формира Заедница на српски општини?

Србија дошла до автентичен документ кој Приштина го врачила на претставниците на САД и ЕУ за Заедницата на српски општини.

Документот под наслов „Работен механизам за асоцијација на српски општини“, зборува за тоа дека премиерот на институциите во Приштина Рамуш Харадинај треба да биде надлежен за спроведување и формирање Заедница на српски општини.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ го тврди ова. 

Вели дека тоа докажува дека Приштина нема намери да формира Заедница на српски оппштини.

Според него Приштина воведува одбор за туторство над Србите.

Србите очекуваат реакција по ова. 

„Со тој документ предвиделе, ни помалку ни повеќе, туку тимот за спроведување да брои четири Срби, а тој е составен од 12 членови, што значи Албанците ќе бидат мнозинство. Овој план предвидува и основање некаков извршен одбор кој треба проектните задачи да им ги даде на српските претставници во врска со формирањето на ЗСО, а членови се Мализа Харадинај, Селим Селими, претставници на Тачи, на Вејсели, на Самоопределување, Демократскиот сојуз на Косово“- вели  тој.

На прашањето како дошле до документот, вели дека имаат свои канали.

Сепак, смета на овој начин Приштина покажува дека нема намера да формира ЗСО.

Србите дадоа рок и најавија дека ако по истекот на тој рок сами ќе формираат Заедница на српски општини. 

Слично

Поврзани вести