Косово не влезе во Интерпол, ама стопроценто ги зголеми таксите за српските производи
Косовската Влада одлучи попладнево да ги зголеми таксите на производите кои се увезуваат од Србија за 100 отсто, јави дописникот на МИА од Приштина.
Еден ден по неуспешниот обид на Косово за зачленување во Интерпол, на предлог на косовскиот министер за трговија Ендрит Шаља, Владата на Рамуш Харадинај одлучи да ги зголеми за 100 отсто таксите, кои пред две недели беа покачени за 10 проценти.
„Од денеска се воспоставува мерката од 100 отсто такса на производите со потекло од Србија“, изјави Шаља.ва во сила веднаш и им наложи на надлежните институции веднаш да почнат да ја спроведуваат.
Како и при првото зголемување на таксите за 10 отсто, образложението на Владата во Приштина е дека таквиот чекор се презема „поради дивата кампања на Белград против косовската државност и попречувањето на зачленувањето на Косово во меѓународните организации“.
Во првите реакции на ваквата одлука во Приштина се вели дека со ова Косово и објави „економска војна“ на Србија.
Ваква и слични мерки, по вчерашниот исход на гласањето за прием на Косово во Интерпол, јавно побараа повеќе албански јавни личности и политичари во Косово, како од власта, така и од опозицијата.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави дека Брисел нема став за неуспешниот обид на Косово да стане членка на Интерпол, бидејќи се работи за тема поврзана со Европската Унија, пишува „Коха Диторе“.
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, изјави дека Србија и претседателот Александар Вучиќ треба да го променат својот став кон Црна Гора и Македонија откако двете земји со својот глас го поддржаа влезот на Косово во Интерпол, иако на крај тоа се покажа како неуспешно бидејќи немаше потребно двотретинско мнозинство.
