Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово: Не се мешаме во работите на Македонија

Косово: Не се мешаме во работите на Македонија

Косово нема желба да се меша во внатрешните работи на Република Македонија.

Тоа, го изјавил претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели за весникот „Газета експрес“.

Коментарот на Весели беше по повод инцидентот во македонското село Гошинце, каде околу 40 вооружени лица ја нападнале полициска караула. Гошинце се наоѓа недалеку од границата со Косово, северно од Скопје, во општина Липково.

„Република Македонија е наш сосед со кој сакаме да ги одржиме добрососедските односи, да немаме разлики и да не се мешаме во нејзините внатрешни работи. Ние сакаме локалните Албанци да се интегрираат во оваа држава како дел од евроинтеграциите“, изјавил Весели, кој е и поранешен директор на тајните служби.

Слично

Поврзани вести