Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово наскоро ќе добие своја војска

Косово наскоро ќе добие своја војска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека долгоочекуваното официјализирање на војската ќе се случи наскоро.

Според него Косово треба да добие своја војска, додавајќи дека и стратешките партнери на Косово и на НАТО целосно го поддржуваат тој процес.

Претседателот на косовското Собранието, Кадри Весели, оценил дека Ослободителната војска на Косово со Адем Јашари, илјадниците нејзини припадници, како и мировниот проект на Ибрахим Ругова, се синоними за слободата на Косово.

Трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово е процес кој трае веќе подолг  период. Инаку, уставот на Косово предвидува дека за формирање косовска војска, покрај мнозинството гласови, неопходна е и двотретинска поддршка од пратениците на малцинствата во парламентот.

Слично

Поврзани вести