Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово на работ на енергетска криза

Косово на работ на енергетска криза

Косово бара начини да избегне енергетска криза која најголем израз би имала во текот на претстојната зима. Речиси целото енергетско производство се базира на јаглен и без оглед што во направените студии е утврдено дека Косово има резерви на лигнит од 14 милијарди тони главен проблем е неговата експлоатација.

Засега е најдено компромисно решение откако државната енергетска компанија КЕК постигна договор за експропријација на приватно земјиште на два сопственици кои претходно побараа зголемување на сумата за обештетувања. 

Планот е КЕК да врши експлоатација на јаглен на земјиште кое опфаќа 52 хектари, но прашање е дали ќе може навреме да ги надополни резервите за претстојната зимска сезона. 

Проблемите на Косово во енергетскиот сектор настанаа откако прогласија независност од Србија која пак, го користи фактот што инфраструктурата е во полза на Белград и не е обновена од времето на комунизмот во некогашната југословенска покраина. 


Слично

Поврзани вести