Косово му дозволи на Вучиќ посета на Газивода, Срби се собираат за да го дочекаат
Српското население од Ксоово денес се собира кај хидроцентралата Газивода, општина Зубин Поток, за да го дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговата турнеја која опфаќа повеќе точки на посета на протекторатот.
На браната е поставено големо знаме на Србија, а за Вучиќ е поставен голем банер со пораката "Добредојде претседателе на Србија".
Вучиќ при неговата посета инсистираше да ја посети хидроцентралата Газивода, која е од стратешко влијание за српската заедница на Косово, но властите на покраината која има прогласено државна независност под нејасни околности првично не му дозволи на српскиот претседател да ја посети единствено само оваа точка.
Беџет Пацоли, косовскиот министер за надворешни работи, истакна дека дозволата е дадена во последен момент под притисок на ЕУ и САД.
Се очекува мошне силно обезбедување денеска да има посетата на Вучиќ на Косово, во ситуација кога има атмосфера за постигнување на договор меѓу двете страни.
