Косово купува моќно американско оружје
Косово купува американски артилериски системи.
Вршителот на должноста министер за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, објави дека е потпишан рамковен договор со американскиот производител на одбранбената индустрија AM General за купување модерни мобилни артилериски системи за Косовските везбедносни сили.
Како што изјави Маќедонци во објава на Фејсбук, договорот вклучува испорака на мобилниот систем „(MHS) HUMVEE Hawkeye 105mm“, како и модерни возила за поддршка.
„Договорот вклучува и резервни делови, техничко одржување и обука на персонал за работа и одржување на овие системи. Купувањето означува нова фаза во развојот на Косовската армија, значително зголемувајќи ја нејзината огнева моќ и способност за гаѓање на долг дострел“, додаде тој.
Тој нагласи дека инвестицијата претставува важен чекор во зајакнувањето на одбранбените капацитети и во „изградбата на модерна, професионална, подготвена и интероперабилна армија со стратешки сојузници“.
foto Facebook/Ejup Maqedonci