Косово ќе потроши милиони евра за обновување на возниот парк
Косово ќе потроши 2,6 милиони евра за купување на 71 луксузен џип и 15 патнички возила.
Според
пишувањето на весникот „Зери“, од почетокот на 2018 година до сега
институциите изнајмиле околу 400 други возила, за чие користење во
наредните 60 месеци ќе се платат околу 10 милиони евра од државниот
буџет. Исто така, 2 милиони и 620 илјади евра ќе чинат џиповите кои ќе
се купат за потребите на косовската полиција и Заштитните сили на
Косово (ФСК), заедно со 15-те патнички возила.
Извори од
Централната агенција за набавки на Косово за „Зери“ тврдат дека
секојдневно растат барањата за изнајмување, но и за купување нови
возила.
Слично
