Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година
Косовскиот премиер Албин Курти, во четвртокот изјави дека планираната државна фабрика за муниција треба да започне со производство до крајот на следната година.
Фабриката, која ќе ја гради турската одбранбена компанија „Макине ве Кимја Ендустриси“ (MKE), ќе биде сместена во селото Јахоч во близина на југозападниот град Ѓаковица, рече Курти на состанокот на кабинетот на кој беше одобрен план за експропријација на земјиште за одредената област.
„Покрај фабриката за муниција, оваа индустриска зона ќе им служи и на други инвеститори со кои сме во контакт и ќе произведува разни видови воени производи, воени и цивилни дронови „Произведено во Косово“, додаде Курти.
Владата на Косово и MKE се согласија за изградба на фабриката за муниција во декември минатата година. Во тоа време, Курти откри дека објектот ќе произведува различни калибри муниција по стандардите на НАТО, а истовремено ќе обезбедува и машини за производство, обука на персоналот, одржување на одредено време и опрема за тестирање на квалитетот и системи за калибрација.
