Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово ќе има минималец од 400 евра?

Косово ќе има минималец од 400 евра?

Приватниот сектор од Косово бара минимална плата од 400 евра. 

Независниот синдикат на приватниот сектор на Косово (СПСПК) изрази незадоволство од нацрт-законот што денеска го усвои владата на Албин Курти, со кој се предвидува месечната минимална плата во државата да биде 250 евра, и останува на барањето таа да биде 400 евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателот на синдикатот на приватниците, Јусуф Аземи изјави дека една од главните причини за таквото барање е недостигот на работна сила. 

Вели дека минималната плата ја предлага Економско-социјалниот совет на Владата, а Владата го праќа во Собрание.  Додава дека Советот не е прашан воопшто и во Владата законот  е испратен на незаконски начин. За споредба, во Македонија месецов работниците земаа покачен минималец од 300 евра. 

Слично

Поврзани вести