Косово ќе ги укине влезните такси за возила од јужна Србија
Oд 21 октомври ќе бидат укинати влезните такси за автомобили, кои во Косово влегуваат од јужниот дел на Србија, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи, пишува „Блиц“.
- Одлучив да го олеснам движењето на граѓаните на Прешево, Бујановац и Медвеѓа кон Косово, истакна Тачи, додавајќи дека мерката, која ќе стапи во сила на 21 октомври, има за цел ја олесни слободата на движењето.
Тачи истакна дека Владата на Косово ќе го поддржи и формирањето на универзитет во јужна Србија.
Слично
