Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово ќе ги повлече српските лекови

Косово ќе ги повлече српските лекови
Косовската агенција за контрола на медицински производи покренала интензивна акција за контрола на увозот на сите лекови, информира Радио телевизија Косово, програма на српски јазик. Cпоред информации на Радиото, Агенцијата ќе повлече лекови од три српски фармацевтски компании од косовскиот пазар. Директорот на Агенцијата за контрола на медицински производи, Илир Души, рекол дека Интерпол ја известил косовската Агенција, со цел гарантирање на квалитетот на лековите, дека Агенцијата за лекови на Србија не го добила потребното уверениe за фармацевтски производи за три српски компании кои своите производи, меѓу другото, ги продаваат на Косово.
Слично

Поврзани вести