Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово ќе ја зголеми минималната плата

Косово ќе ја зголеми минималната плата

Претставници на Министерството за труд и социјална политика информира дека наскоро минималната плата во Косово, која не е променета од 2011 година, ќе порасне.

Минималната плата утврдена со одлуката на Владата на Косово во 2011 година, беше 130 евра за вработените на возраст под 35 години, и 170 евра за вработените на возраст над 35 години.  Минималната плата треба да се определува земајќи ги во предвид  трошоците за живеење, процентот на невработеност, како и целокупната ситуација на пазарот на трудот  за период од една година. Од Унијата на независни синдикати на Косово, велат  дека тие имаат предложено минималната плата  да биде 220 евра.  Потрошувачките цени во Косово во последниве години постојано се зголемуваа, а минималната плата од 2011 година остана иста. Граѓаните на Косово сметаат дека со 220 евра не може да се преживее и во такви околности неопходно е да работат повеќе членови на семејството.

Слично

Поврзани вести