Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово ја тужи Македонија за нарушување на конкуренцијата во авиосообраќајот!

Косово ја тужи Македонија за нарушување на конкуренцијата во авиосообраќајот!
Косовската Влада покренала жалба против Македонија пред Европската комисија, барајќи земјава да ја прекине праксата на субвенционирање на авиобилети, јавува приштински КТВ. Според косовските власти, македонската страна на овој начин ја нарушува конкурентноста според европските правила. Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација изјавиле дека очекуваат набрзо ваквата жалба да добие позитивна разврска. Потегот на официјална Приштина беше откриен на дебата организирана од Центарот за стратешки и социолошки истражувањата „СТРАС“, на која се разговараше за предностите за издавање под концесија на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари“. Иако, моделот за концесија што го избраа косовските власти за овој аеродром беше претставен како подобар од моделите што ги следеа аеродромите во Скопје и Тирана, многу од панелистите не се согласија со ваквото тврдење. Одговорните сепак уверуваат дека Косово ќе извлече корист од ваквиот начин на издавање на аеродромот. Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ е издаден под концесија во траење од 20 години на турско-францускиот конзорциум Лимак и Аеродроми Лион, по принцип на јавно-приватно партнерство со кое е предвидена и негова модернизација и проширување со инвестиции од 100 милиони евра. Одговор од Македонија:

МАКЕДОНИЈА: Косово нема за што да тужи, субвенциите за авиобилети не го кршат европското право!

   
Слично

Поврзани вести