Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово ја обвини Србија дека вооружува Срби во Митровица

Косово ја обвини Србија дека вооружува Срби во Митровица

Во интервју за германските медиуми претседателот на Косово Хашим Тачи ги коментира последните настани во земјата, пренесе телевизија RTK. 

„Сите овие последователни инциденти се меѓусебно поврзани и директно предизвикани од Белград - ѕидот, апсењата, возот. Ѕидот е проблем на Косово и Косово треба да го отстрани. Не може да има таков ѕид во Косовска Митровица и тоа е проблем за кој нема да разговараме со Белград“, вели тој.

„Што се однесува до возот, тоа беше јасна провокација за Косово. Имаме информации дека имало оружје и паравоени лица во возот, чија цел била да влезат во земјата и да го дестабилизираат Косово. Во исто време сме запознаени со српскиот план за поделба на Косово и исто така знаеме дека Србија ги вооружува Србите во северните делови „на нашата земја“, додава Тачи, цитиран агенциите. 

Во исто време, српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека според него нема Србин кој би одбил да војува, ако треба, пренесуваат српските медиуми, цитирајќи ја изјавата на претседателот на новинарите во Брисел. Во соопштението се вели дека претседателот Николиќ објаснил дека не е разбран правилно во своето тврдење дека ќе испрати војници во Косово.

Слично

Поврзани вести