Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово ја интензивира економската соработка со Унгарија

Косово ја интензивира економската соработка со Унгарија

Косово и Унгарија ќе  ја интензивираат економската соработка во наредниот период.

Двете земји ќе потпишат договор, кој изнесува 61 милиони евра за финансирање на одредени проекти. Првиот проект, кој ќе биде финансиран преку овој договор е проект на "Batllava", која вклучува третман на отпадните води во околните села, за прочистување на водна станица и поправка на постојната акумулација, информираат од Министерството за финансии.

Министерот за финансии, Авдула Хоти, вчера ја прими делегацијата на Владата на Република Унгарија, предводена од страна на заменик секретарот на Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петра Пана.

Инаку, Европската унија се соочува со зголемен број на косовски граѓани кои нелегално влегуваат во богатите земји, а лани само за еден месец 10.000 граѓани на Косово побарале азил во Унгарија.

Слично

Поврзани вести