Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово има највисока стапка на невработеност во регионот

Косово има највисока стапка на невработеност во регионот
Стапката на невработеност во Косово достигнала 40%, иако Владата во Приштина тврди дека таа не надминува 30%, оцени Светска банка во последниот извештај.

Само 23 отсто од работоспособното население во Косово е вработено, што претставува  најниска стапка на вработеност во цела Источна Европа и Централна Азија.

Во својот извештај, Светска банка тврди дека Косово е во најлоша ситуација во регионот и од други аспекти -  висока сиромаштија, мал број нови бизниси и најниски  приходи споредено со која било друга земја.

Според косовската опозиција, извештајот е доказ за катастрофалната економска состојба во која се наоѓа државата, а која Владата не сака да ја признае.

Слично

Поврзани вести