Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово и наметна „санкции“ на Србија

Косово и наметна „санкции“ на Србија

Европската Унија ја осуди одлуката на Косово да воведе царинска такса од 10 отсто на производите од Србија и БИХ, освен за меѓународните брендови кои се произведуваат на териториите на овие две земји.

ОД ЕУ го осудија овој чин како кршење на договорот од ЦЕФТА и принципите на меѓународна соработка. Од Србија овој потег го окарактеризираа како обид да се наруши Бриселскиот дијалог за траен договор помеѓу двете земји.

Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли оцени дека одлуката на владата на Косово за воведување мерки на увозот на стоки од Србија и Босна и Херцеговина претставуваат примена на реципроцитет во односите и порака до Србија да сфати дека за секое негативно однесување ќе плати цена. 

„Подолго време посочувам на скандалозното однесување на српската дипломатија, односно на пропагандата и лажните вести на недемократскиот режим во Србија“, наведува Пацоли на Фекјсбук. 


Слично

Поврзани вести