Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово и Албанија со поддршка за САД и нападите врз Сирија

Косово и Албанија со поддршка за САД и нападите врз Сирија

Косово и Албанија и официјално застанаа на страната на САД и нивните западни сојузници за ракетните напади изведени во Сирија по тврдењата дека режимот на Асад извршил хемиски напади во Дума каде загинаа 50 цивили.

– Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на страната на нашите сојузници и ја подржуваме одлучноста на претседателот Трамп во заштитата на човечките животи и човековите права, стои во реакцијата на Мета.

Подршка даде и Владата во Тирана преку Министерството за надворешни работи а не изостана ни поддршка за нападите од опозициската Демократска партија, која ги смета за целосно легитимни.

На иста линија со Албанија се и косовските институции и политичките партии.

– Косово ја подржува интервенцијата на евоатланските сојузници за да се спречи режимот на Асад во Сирија. Хемските напади врз невините цивили се неправедни, а обидот на демократските земји да воспостават мир во оваа земја е неопходна активност, смета косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Косовските медуми наведуваат дека во нападите се користени идентични бомби како и при нападите што во 1999 година ги изврши НАТО врз Србија.


Слично

Поврзани вести