Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово го прогласи Шешељ за персона нон грата

Косово го прогласи Шешељ за персона нон грата

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, и официјално е прогласен за персона нон грата во Косово.

Оваа информација се појави во косовските медиуми. Шешељ е персона нон грата и забрането му е да доаѓа во Република Косово.

Одлуката стапи на сила на 4 април и беше потпишана од страна на министерот за надворешни работи на Косово, Петрит Селими. Тој на својот Твитер профил на 31 март, рече дека доколку Шешељ дојде во Косово, ќе биде уапсен.

Хрватска донесе одлука на 3 април, според која Шешељ не смее да влезе во земјата во наредните 20 години. Овие одлуки за Шешељ следат откако тој беше ослободен од Хашкиот трибунал, и покрај обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Слично

Поврзани вести