Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово го носи буџетот, догодина ќе го гради автопатот Приштина-Блаце

Косово го носи буџетот, догодина ќе го гради автопатот Приштина-Блаце
Косовската Влада го усвои Предлог-буџетот за 2013-та, кој  сега треба да го изгласа и парламентот. Според пресметките планираните приходи во косовскиот буџет за идната година изнесуваат 1,423 милиони евра , додека трошоците 1,586 милиони евра, соопшти Бедри Хамза, министер за финанси на Косово. Според Хамза, со буџетот предвидена е ставка од 30 милиони евра за отпочнување со реализација на автопатот од Приштина до границата со Македонија, односно преминот Блаце. Тој информираше дека Косовската влада со Светска банка треба да ја финализираат физибилити студијата на почетокот на наредната година, како предуслов за отпочнување со реализација на изградбата на автопатот.
Слично

Поврзани вести