Косово го набави оружјето кое се покажа ефикасно во Украина
Белград тврди дека Косово се вооружува, а косовските власти тоа го потврдуваат и велат дека на Србија не треба да и се верува.
Британија, како што пишуваат српските медиуми, ѝ испорачала на Приштина извесно количество противтенковски ракетни системи „џавелин“. Тие се покажале како ефикасно оружје во борбите во Украина.
Косовскиот премиер Албин Курти го потврди зголемувањето на буџетот за војската.
„Изјавите кои доаѓаат од Белград не треба да се прифаќаат како факти. На тоа нè учат и минатото и сегашноста. Но, точно е, го зголемивме буџетот за војската за 52 отсто“, порача тој.
Министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај на Твитер наведе дека косовската војска е опремена и продолжува да се снабдува со модерно оружје.
Неодамна и Србија набави ново оружје и ова го вознемири регионот. Имаше реакции од хрватски, црногорски и косовски политичари.