Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово ги враќа камионите со македонско брашно, мелничарите бараат помош од власта

Косово ги враќа камионите со македонско брашно, мелничарите бараат помош од власта

Мелничарите 25 дена се блокирани од косовска страна, и не можат да го извезат брашното.  Од Косово им ги враќаат камионите со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина е под пропишаниот правилник.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Горан Малишиќ, за ваквиот проблем веднаш се известени Министерството за економија и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Мелничарите дури побарале и итна средба со властите, но засега немаат никаков одговор.

Веќе 15 и повеќе години извезуваме брашно во Косово по нивните критериуми без проблеми. Како извозници правиме анализи на брашното во нашите акредитирани лаборатории, за да провериме дали ги исполнуваме условите, како и од официјални причини за извоз, односно за да добиеме сертификат за потекло и квалитет за извоз на брашното. Во последните 25 дена, Косово ни ги враќа камионите под изговор дека нивото на железо и фолна киселина е под пропишаниот правилник, иако и пред испорака и по враќањето нашето брашно е испитано во нашите лаборатории и констатирано е дека содржи повеќе од минималната утврдена количина на железо и фолна киселина“, вели Малишиќ.

Тој ги обвинува надлежните за немање слух и водење неправилна политика.

Слично

Поврзани вести