Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово формираше војска побројна отколку Македонија

Косово формираше војска побројна отколку Македонија
Косовската Влада го усвои предлогот за формирање косовска армија, вооружена формација која треба да ги надополни досегашните лесни полициски сили кои беа единствени вооружени сили на Косово. Армијата ќе брои 5.000 војници и 3.000 резервисти, додека претходната полициска структура имаше 2.500 припадници. Според косовскиот премиер Хашим Тачи, одлуката е во интерес на сите земји во регионот.
„Косово е определено да биде партнер во изградбата на мирот и безбедноста, регионалната стабилност и за таа цел се направени темелни промени. Одлуката е добра за целиот регион, за сите земји без исклучок“, изјави Тачи.
Сепак, српскиот премиер Ивица Дачиќ нагласува дека формирањето на оваа војска не е дел од бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина и побарал гаранции од НАТО дека војската нема да се распоредува во северните делови на Косово, населени со мнозинско српско население. Со ваквиот состав Косово ќе има побројни вооружени сили од Македонија. Според последните податоци, во македонската армија има околу 4.700 професионални војници, 1.900 подофицери и 364 цивили кои работат во воената служба.
Слично

Поврзани вести