Косово должи 10 отсто од БДП
Кон крајот на минатата година, долгот на Косово изнесувал 582,87 милиони евра. Од овие 10 отсто од БДП, на име меѓународен долг се 326,35 милиони евра, додека пак на име внатрешен долг се 256,52 милиони евра.
„Овој долг бил земан во име на централните владини инситуции, кои Република Косово е обврзана да го плаќа. Независно од тоа економските експерти оценуваат дека нивото на долгот не е толку високо, дури сметаат дека надлежните не биле способни да земат кредити“, пишуваат приштинските медиуми.
Економските експерти сметаат дека Владата на Косово треба да биде похрабра при земањето на кредити.
„Надлежните авторитети треба добро да анализираат пред да одлучат да земаат крдит. Сметам дека секој земен кредит треба да се троши единствено за капитални проекти“, вели Наим Гаши, професор на Економскиот факултет во Приштина, кој исто смета дека долгот не ја доведува буџетската стабилност на Косово во опасност.
Инаку, најголем процент од долгот продолжува да биде кон ЕБОР, во рамките на СБ, додека добар дел е долг кон ММФ.
Слично
