КОСОВО ДОБИ ТУРСКО ОРУЖЈЕ: Вучиќ вели дека Турција сонува да ја обнови Отоманската империја.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го осуди новото вооружување на приштинските власти од Турција, нагласувајќи дека е згрозен од однесувањето на Турција и бруталното кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
„Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката!“, нагласи Вучиќ во објава на Твитер.
Претходно денеска во Приштина е објавено дека пристигнале беспилотните летала „Skydagger“ нарачани од Турција, а според премиерот на привремените приштински институции Албин Курти, пристигнале „илјадници беспилотни летала“. Приштина претходно набавила турски беспилотни летала TB2 „Bayraktar“ и американски беспилотни летала „Puma“.
фото Фејсбук/Албин Курти
