Косово апси повратници од војните во Ирак и Сирија
Косовската полиција уапси 40 лица поради сомневање дека учествувале во Ирак и Сирија, како дел од радикалните движења Исламска држава и Ал Нусра.
Акцијата била спроведена во текот на ноќта на 60 локации на Косово и се уште е во тек. Кај уапсените од Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац, Призрен и Косовска Митровица биле откриени експлозиви, оружје и муниција од различен калибар.
Според косовското МВР, акцијата била преземена поради опасноста што овие лица ја предизвикувале за националната безбедност на Косово. Податоците со кои расолагаат косовските власти покажуваат дека во борбите во Ирак и Сирија досега загинале 16 косовски државјани.
Слично
