Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовец поддржувач на ИД се заканувал на папата, осуден на 7 месеци затвор

Косовец поддржувач на ИД се заканувал на папата, осуден на 7 месеци затвор

Самет Имиши, државјанин на Косово на возраст од 42 години е осуден на седум месеци затвор од страна на Судот во Косово.

Тој беше уапсен на 1 декември лани во рамките на заедничка акција на италијанската и косовската полиција. Имиши уапсен во местото Генерал Јанковиќ, кое е познато по големиот број радикални исламисит, пишува приштинскиот весник „Експрес“. Тој беше обвинет и за пропаганда за Исламска држава преку својот пофил на Фејсбук. Ова е прва одлука од ваков вид во Косово.

Во неговиот дом полицијата нашла оружје и директни врски меѓу него и активни џихадисти во Сирија, како и поврзаност со косовскиот „џелат“,  Лавдрим Мухаџери.
При заедничката италијанско-косовска акција беа уапсени уште тројца Косовци, обвинети за тероризам и за поттикнување расна омраза.
Италијанские медиуми претходно јавија дека групата на Имиши, меѓу другото, упатувала закани и по животот на папата Франциско.
Слично

Поврзани вести