Косовец го уби својот син додека си работел на нива
Во соседно Косово, татко го застрелал синот. Трагедија се случила во селото Перан.
Локалните медиуми пишуваат дека убиството најверојатно е поради имотна корист. Наведуваат дека таткото го застрелал младиот човек додека работел со трактор на нива.
„Околу 18 часот пристигна дојава за пукање во селото Перан во општина Подуево. Полицијата излезе на местото на настанот и според првите податоци се знае дека од огненото оружје починало едно лице. Смрт констатирале лекарите од Брза помош. Полицијата покрена истрага за расветлување на сите околности“, соопшти полицијата.
Косовските медиуми пишуваат дека и претходно таткото и синот имале проблеми, за што имало пријави во полиција.
Слично
