Косовците велат дека Путин имал план за палење на граничен премин меѓу Косово и Србија?
Приштина тврди дека спречила српско-руски план за палење на граничен премин меѓу Косово и Србија.
Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции и дијалог, Беник Бислими изјави дека на вчерашниот протест на српски екстремисти на границата со Косово постоел српско-руски план за палење на граничниот премин Јариње.
Сепка според него, Белград се откажал од неговата реализација, јави дописникот на МИА од Приштина. Вели дека „вистинскиот автор” на вчерашниот протест на српско-косовската граница е рускиот претседател, Владимир Путин.
Според првиот косовски преговарач во дијалогот со Србија, планот на српско-руските служби за предизвикување поголем инцидент бил осуетен од косовските безбедносни механизми, во соработка со западните сојузници, пред сé со САД.Тој додаде дека, „како што Србија ги има за сојузници Русија и Кина, Косово ги има Западот и САД”.
Србите на северот на Косово веќе десет дена ги блокираат патиштата поради приведувањето на нивниот сограѓанин Дејан Пантиќ, кој е поранешен припадник на косовската полиција. Обвинет е за учество во нападот на просториите на Централната изборна комисија во Северна Митровица на 6 декември.
