Косовците се најсиромашни во Европа
Граѓаните на Косово се најсиромашни во Европа.
Животниот стандард е далеку од земјите на регионот и Европската Унија, затоа што просечниот граѓанин на годишно ниво троши само 1.511 евра. Податоците на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), покажуваат дека просечниот приход по глава на жител во земјите на Европската Унија е 35.800 долари, а на Косово е 4.442 долари.
Податоците на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), покажуваат дека на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи го и Косово, потребни им се 40 до 200 години да го достигнат просекот на бруто домашниот производ на ЕУ по глава на жител.
Слично
