Косовците реагираат дека јакнењето на воените капацети на Србија се закана за мирот во регионот
Нова преписка меѓу властите на Косово и Србија.
Најавите на Вучиќ за јакнење на воените капацети се закана за мирот во регионот, велат косовските власти.
Вршителот на должноста премиер на Косово, Авдулах Хоти изјави дека најавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ за задолжително служење на воениот рок во неговата држава поради наводните опасности кои ѝ доаѓаат од Косово, претставуваат закана за мирот и стабилноста во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
По изјавата на Вучиќ, која ја пренесоа вчера косовките медиуми, дека „Србија ќе ги зголеми воените капацитети поради развојот на настаните во Косово”, Хоти порача дека таквите ставови се на штета и на постигнувањето конечно решение за споровите меѓу двете држави.
Се појавија информации дека САД нуди три сценарија за решавање на спорот Косово и Србија.Aмериканците имаат план за српско - косовскиот спор. Се појави нов документ со три американски предлози за Србија.
