Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовци се упатиле кон Украина, да се борат и таа да го признае Косово, но планот пропаднал

Косовци се упатиле кон Украина, да се борат и таа да го признае Косово, но планот пропаднал

Двајца косовски граѓани се упатиле кон Украина, со цел да се борат, но се спречени во намерата. Албанци од Косово, кои заминале кон Украина за да им се придружат на украинските вооружени сили, се приведени на границата меѓу Украина и Полска. 

Тамошните власти ги испрашувале четири часа за причините поради кои сакаат да влезат во Украина.

Како што пишува „Косово онлајн“, Азиз Бељули и Исмет Шаљња од Сува Река, објаснувале дека една од причините поради кои сакаат да се борат на страната на Украина е тоа што оваа земја не го признала Косово и тие се надеваат дека ќе придонеста да се промени таквата одлука.

„Сакаме да се придружиме и да ги поддржиме САД, затоа што потоа можеби Украина ќе го признае Косово“, изјавил Шаља.

Учество во војни надвор од територијата на Косово е кривично дело и се смета како акт на тероризам, а предвидени се казни од три до 15 години затвор.

Украинските амбасади во повеќе земји регрутираат доброволци за во Украина. Таков повик имаше во Тирана во Албанија, но и во Скопје. 

Досега над 16.000 доброволци од различни земји се борат во Украина. Дел од нив даваа изјави за медиуми, а имаше и доброволци од Хрватска. Хрватски добрволец рече дека сака да им помогне на Украинците, затоа што Украина меѓу првите ја признала Хрватска како независна држава. 

Слично

Поврзани вести