Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косоварите протестираат за патарина во Албанија, има повредени

Косоварите протестираат за патарина во Албанија, има повредени

На најавените протести поради поскапување на патарините во Кукс, Албанија дошло до конфликт помеѓу полицијата и демонстрантите, а запалена е и наплатна рампа. Според Танјуг повредени се 13 полицајци и неколкумина демонстранти.

Рама вети дека сите ќе бидат казнети.

– Сторителите на насилствата и оние кои им биле инспиратори нека не мислат дека ќе триумфираат над законот, рекол Рама, а пренесува Ројтерс.

АП објави дека албанските власти оваа недела започнале пробна наплата на патарина која возачите ќе ја плаќаат од 2,5 до 22,5 евра, на автопатот кој е долг 110 километри, а кој косовските туристи го користат за одење на море во Албанија.


Слично

Поврзани вести