Косоварите ја полнат Швајцарија
2.291 лица само минатата година го напуштиле Косово поради брак во Швајцарија.
-Во текот на минатата година во Швајцарија од Косово пристигнале 2.646 лица, од нив 1.314 мажи и 1.332 жени. Од овој број 2,291 дошле кај сопругот или сопругата, поточно мигрирале заради брак, додека само 155 дошле заради работа, изјави портпаролката на канцеларијата Габи Соуза.
Податоците, пренесува порталот Албинфо, потврдуваат дека бројот на косовските граѓани кои доаѓаат во Швајцарија заради „обединување на семејството“ расте. Како илустрација, во 2009 година овој број изнесуваше 1.976 лица.
Во онлајн анкетата што ја спроведува Албинфо на прашањето: дали бракот меѓу младите Албанци во Швајцарија и од Балканот е поради обезбедување виза или љубов, дури 52 отсто одговориле дека тоа е поради виза.
Слично
