Коски и черепи пронајдени во кичевска пештера, се утврдува чии се
По пристигната аномимна пријава форензички екипи на МВР ги подигнале коските и черепите пронајдени во пештеара меѓу кичевските села Тајмиште и Бачиште. Остатоците се најверојатно човечки, но треба да се утврди од кога датираат, дали се поврзани со насилна смрт и како се нашле таму. Полицијата го обезбедува локалитетот се додека не се заврши со испитувањата на теренот. Засега се проценува дека има остатоци на повеќе места од десетина лица.
Слично
