Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат заедно во ЕУ: Не сум магионичар

Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат заедно во ЕУ: Не сум магионичар

Комесарката за проширување, Марта Кос, за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат заедно во Европската Унија(ЕУ), вели дека таа не е магионичар.

Код во интервју за Н1 изјави дека неодамнешните измени на судските закони во Србија претставуваат чекор назад и дека довербата на ЕУ во Србија е нарушена и дека очекуваат нивното спроведување да биде суспендирано.

Таа вели дека Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори оваа година, а Албанија следната. Кос е охрабрена што 60 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина(БиХ) веруваат во патот кон ЕУ. Но, нагласува дека не е магионичар за да се оствари идејата сите земји од Западен Балкан да влезат заедно во ЕУ и дека внимателно ќе се разгледува секоја земја. Македонија воопшто не ја спомена поединечно.

Кос не ја прифаќа критиката дека ЕУ не е успешна во проширувањето.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести