КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА: Гувернерот на Централната банка се „спаси“
Отфрлен е предогот за покренување истрага за наводна вмешаност на гувернерот на Грчката Централна банка Јанис Стумарас во корупциски скандал во врска со фармацевтската компанија „Новартис“.
Ова станува јасно од одлуката на грчкото обвинителство а обвинителката Елени Тулупаки утврдила дека нема основа за покренување истрага во овој случај.
Како што пренесуваат медиуми од регионот Стурмарас е седми од десет високи грчки претставници или поранешни политичари , вклучувајќи двајца екс премиери против кои е запрена истрагата.
Сите тие негирале дека се виновни и ја обвиниле поранешната левичарска влада дека се обидела да ги наклевети, пренесе Танјуг.
Истрагата за тоа дека швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“ наводно им платила на високи функционери поради високи цени и продажба на своите производи во Грција почнала пред повеќе од една година.
