Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРУПЦИЈА: Лекарите и службениците најмногу бараат мито?

КОРУПЦИЈА: Лекарите и службениците најмногу бараат мито?
Според перцепцијата на македонските граѓани судиите и цариниците се најкорумпирани, но истражувањата покажуваат друго - најмногу мито бараат лекарите и службениците. Ова го заклучува Извештајот за проценката на корупцијата во земјава што го подготви Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). „Истражувањето покажало дека 16 отсто од граѓаните би прифатиле да дадат пари или подарок за да завршат некоја работа во институциите додека кај фирмите тој процент изнесува речиси пет отсто“, вели Емина Нуердиновска од МЦМС. Американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс упати критики за начинот на кој земјата се справува со проблемот на корупцијата. „Во 2013 година Државната комисија за спречување на корупцијата истражи 228 случаи на корупција. Тоа не е лошо, но од овие 228 случаи само 7 резултирале со обвиненија. Тоа е 3 отсто, речиси ништо. Но, прашањето е колку од овие лице биле осудени. Нула. Тоа значи дека нивото на корупција во Македонија е нула. Верувам дека повеќето граѓани ќе се смеат кога ќе го чујат ова, но не затоа што е смешно туку затоа што е тажно“, рече Волерс. Според симулациските пресметки, годишно за поткуп само бизнис заедницата дава околу 64 милиони евра, што е 0,85 отсто од бруто домашниот производ. Корупцијата е 5-тиот најголем проблем со кој се соочува државата, велат истражувањата на МЦМС.
Слично

Поврзани вести