Економија, финансии, бизнис

Контакт

Корпорацијата Вистеон за Алсат потврдила дека фабриката во Бунарџик се затвора

Корпорацијата Вистеон за Алсат потврдила дека фабриката во Бунарџик се затвора

Фабриката Висетон Електроник Македонија, некогашен Џонсон Контролс се затвора.

Стигнала официјална потврда од команијата  дека Бунарџик останува со еден инвеститор помалку, пренесува  Алсат-м.

„На 1 јуни Вистеон ги информираше вработените во производствената фабрика во Скопје дека компанијата планира да престане со работа во овие погони до крајот на 2016 година, поради вишок капацитети во европското производство на компанијата, изјавила за Алсат-М, Џона Кристенсен, одговорна за комуникации во "Вистеон" од Велика Британија.

Од компанијата објаснуваат дека се водат преговори со потенцијален купувач за можноста „трета страна да ја преземе сопственоста на фабриката и да понуди вработување на дел од постојната работна сила", стои во дописот што го испратиле до Алсат-М.

Целиот текст тука.

Прочитајте ја и сторијата на Фактор ИНВЕСТИТОРИТЕ БЕГААТ: Зошто Џонсон Контролс заминува од Македонија?

Слично

Поврзани вести