Економија, финансии, бизнис

Контакт

Корпоративен кокаин

Корпоративен кокаин
Обично финансиските претерувања се поврзуваат повеќе со банките отколку со акциите на стабилни компании. Додека финансискиот сектор на богатиот свет, соочен со мозокот на економијата, беше обземен од безумие во пресрет на катастрофата од 2007-2008 година, тогаш други големи фирми се држеа благоразумно, избегнувајки го натрупувањето на премногу големи обврски со што ја задржаа контролата врз трошоците и не ги испуштија од очи долгорочните можности во новите пазарни економии. Во ерата на слаб раст и ниски камати, со какви се карактеризира периодот по падот, сепак се појавуваат се повеќе докази дека навидум стабилните компании се вмешани во своевидни финансиски ексцеси: една опасна зависност кон откуп на сопствени акции. Во изминатите 12 месеци, американските бизнисмени купиле сопствени акции за над 500 милијарди долари - сума блиска до рекордот. Од Apple до Walmart, најпрофитабилните и познати компании имаат големи планови за откуп на сопствени акции. IBM дава двојно повеќе пари за откуп на свои акции, отколку за истражување и развој. Exxon потроши над 200 милијарди долари за откуп на сопствените акции - сума доволна за да го купи законатиот непријател BP. Овој феномен е помалку познат во други земји, но станува популарен дури и во земји со конзервативна корпоративна култура. Во овој тренд се вклучуваа компании како Toyota и Mitsubishi, јапонските компании купуваат свои акции за рекордни износи. Купување на сопствени акции не е нужно лоша идеја. Кога компаниите купуваат свои акции на отворен пазар, тие го враќаат вишокот пари на своите акционери, во голема мера на ист начин на кој плаќаат дивиденди. И ако фирмите не можат да најдат можности за профитабилни инвестиции, тогаш враќање на парите назад на инвеститорите е вистинското нешто што тие треба да го направат, анализира Economist. На многу начини зголемувањето на откупот на сопствени акции е симптом за слабиот економски раст на богатиот свет Оваа практика сепак може да биде и извор на проблеми, главно од две причини. Прво, и краткорочните инвеститори и менаџери имаат поттик да претеруваат со откуп и да ги игнорираат долгорочните инвестициски проекти. Прогласувањето на шема за откуп може да предизвика ненадеен пораст на цените на акциите и брза акумулација на голема количина од нив од краткорочните инвеститори. Го намалуваат бројот на достапни акции, но шемите за откуп освен тоа можат да го зголемат вештачки профитот на соодветната фирма за една акција. Ова помага да се објасни зошто менаџерите чија плата зависи од постигнување на одредена добивка по акција, сакаат да си купат сопствени акции. Второ, можно е некои фирми да земаат премногу големи кредити, за да плаќаат за навиката да ги откупуваат назад своите акции. Американските компании, ако бидат вклучени во сметката и нивните меѓународни операции, се само умерено задолжени; за рекордни откупи се плаќа со рекордни профити. Општите броеви сепак се дисторзирани од мал број богати со средства на гигантите како Google. Во 2013 година 38% од фирмите плаќале за откуп на сопствени акции повеќе отколку нивните парични текови можеле да претрпат - состојба која не може да се одржува. Глобалните салда на некои американски мултинационални корпорации навидум се здрави, но всушност опасно искривени. Тие земаат огромни кредити дома, за да плаќаат за купување на свои акции, а во исто време чуваат пари во странство, за да го избегнат високото корпоративно оданочување во САД. Под цртата Ако фирмите претераат со откуп на своите акции и престанат инвестициите, вештачки надуените цени на акциите на крајот ќе се намалат вртоглаво. Затоа инвеститорите треба да посветат сериозно внимание на ова прашање. На долгорочен план е потребно тие да направат така што шемите за плаќање на газдите да не создаваат погрешен поттик за откуп на акции. На краток рок инвеститорите треба да им дадат на оние кои сакаат фирми дозвола да инвестираат. Има некои знаци дека тоа почнува да се случува. Според студија на Bank of America Merrill Lynch рекорден број менаџери на фондови сега мислат дека фирмите инвестираат премногу малку, само едно малцинство сака поголеми парични приходи. Тоа дава повод за задоволство: акционерскиот капитализам е за економски раст и креативност, а не само за поделба на пленот. К.К.
Слично

Поврзани вести