Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот со висока економска цена: Ќе погоди ли и македoнски компании

Коронавирусот со висока економска цена: Ќе погоди ли и македoнски компании

Коронавирусот за жал одзеде многу човечки животи, повеќе од 25.000 луѓе во моментов се заразени, а се претпоставува дека вистинската бројка е неколкукратно повисока. Но вирусот има и економска цена, која за жал ќе ја погоди глобалната економија, секако и Македонија. Фабриките во Кина не работат – економската активност во многу кинески градови е нагло намалена, пресечени се глобалните синџири на добавувања. Затоа, треба да се очекува ова да влијае и на македонските производители, особено на  автомобилски делови кои секако имаат нарачки од Кина.

Фабриките за автомобили низ Кина е наредено да останат затворени по Лунарната Нова година, спречувајќи ги глобалните производители на автомобили Volkswagen, Toyota, Daimler, General Motors, Renault, Honda и Хјундаи да продолжат со работа. Според S&P Global Ratings, избувнувањето ќе ги принуди производителите на автомобили во Кина да го намалат производството за околу 15 отсто во првиот квартал. Тојота во петокот соопшти дека ќе ги задржи своите фабрики затворени барем до 17 февруари.

Светските медиуми пишуваат дека со оваа здравствена криза се зголемуваат економските трошоци за целата глобална економија. Избувнувањето на силниот акутен респираторен синдром (САРС) во 2003 година намали еден до два процентни поени од БДП на Кина таа година, што потоа го чинеше и глобалниот раст. Се тврди сега дека влијанието на коронавирусот би можело да биде посериозно овој пат и за Кина и за светот. Уделот на кинеската економија во светскката се искачи од 8 отсто во 2002 година на 19 проценти денес и сега е втора најголема економија во светот.

Компаниите во другите земји зависни од кинеските снабдувачки синџири веќе се соочуваат со застој. Меѓу нив Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Италија и САД. Сите имаат  ограничувања за патување. Азиските земји ќе забележат нагло намалување на бројот на пристигнати кинески туристи што е важен извор на раст.

Цените на нафтата паднаа за 20 проценти во текот на изминатиот месец.

Но, најголема цена ќе плати угледот на Кина како сигурен трговски партнер. 

А.Т.


Слично

Поврзани вести