Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУСОТ НЕ ГИ ПОШТЕДИ ЦЕНИТЕ: Ќе полните бензин и дизел рекордно поевтино

КОРОНАВИРУСОТ НЕ ГИ ПОШТЕДИ ЦЕНИТЕ: Ќе полните бензин и дизел рекордно поевтино

Од денес бензинците и дизелашите ќе полнат резервоари по цени кои се за седум ипол односно шест денари пониски од претходната недела.

Тоа е рекорден пад на цените а причината за истиот е вирусот кој никна во Кина а моментно се шири во Европа и токму тој ги потона цените на нафтата на светските пазари а ги урна и светските берзи. Имуни не останавме ниту ние како држава а ниту пак цените на нафтените деривати.

Согласно понеделничката одлука на РКЕ која стапи на сила по полноќ ова се цените според кои денес може да точите бензини и дизел.

ЕУРОСУПЕР БС-95 до следниот понеделник ќе се точи за  54,50 ден/лит додека 56,50 ден/лит ќе чини ЕУРОСУПЕР БС-98.

За 48,50 ден/лит. наредните денови ќе се точи дизелот.

Овој пад на цените е рекорден а намалувањето на цените е најниско регистрирано од 2008 година.

Слично

Поврзани вести