Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот го достигна максимумот во Белград, вели Предраг Кон

Коронавирусот го достигна максимумот во Белград, вели Предраг Кон

Коронавирусот го достигна максимумот во Белград, вели епидемиологот и член на кризниот штаб во Србија, Предраг Кон. 

Кон вели дека сè уште немало разговори за мерките за православниот Велигден.

„Многу е веројатно дека епидемиолошката состојба веројатно ќе се подобри дотогаш“, вели тој.

Рече дека нивни проблем е што имаат толку многу луѓе во болниците. 

„Многу од нив се на апарати за дишење. Исто така, се плашам дека бројот на смртни случаи е поголем. Наместо да се вакцинираме превентивно, ние се вакцинираме кога се плашиме од болести“, вели Кон.

Пациентите се јавуваат навреме, но клиничките слики се тешки. Дневно има од 4.000 до 5.000 нови заразени со коронавирусот. 

Ходници полни со мртви во црни кеси, голем број на интубирани пациенти, пациенти кои се борат за здив во интензивна, тешка, драматична клиничка слика, лекари постојано на нозе … Oва се сликите од црвената зона во Батајница. 

Во Клиничкиот болнички центар Бежанијска коса велат дека досега не умрел ниту еден пациент кој е ревакциниран. 

Слично

Поврзани вести