Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАТА ГИ „ЗАРОБИ“ ВО ГРЦИЈА: Повеќе од 40 туристи не можат да се вратат во своите земји

КОРОНАТА ГИ „ЗАРОБИ“ ВО ГРЦИЈА: Повеќе од 40 туристи не можат да се вратат во своите земји

Откако се прошири коронавирусот, туристи со камп возила се „заглавени“ во Грција.

Се наоѓаат во камп во близина на грчкиот град Игуменица 

Таму има туристи од неколку различни земји кои со нивните камп возила тргнале на патување низ Грција, но ги затекна кризата со Ковид-19, затворените граници и не можат ниту да се вратат дома, ниту да го продолжат нивното патување, јави дописничката на МИА од Атина. 

Се работи за 41 турист од различни европски земји меѓу кои и Велика Британија, Чешка и Франција.

Овие туристи од ноември и декември лани се во Грција. 

Со одлука на одделот за цивилна заштита на периферијата Епир и во рамките на мерките за заштита од коронаврусот, сите се сместени во приморска област во близина на Игуменица. 

Слично

Поврзани вести